Ни претставува особено задоволство да Ви го претставиме нашето втораче од ваков вид. Нашата нова „Новогодишна инклузивна работенка“.
Сите се радуваме на новогодишните празници, на новогодишни пакетчиња, на новогодишните изненадувања. На празниците сите се радуваме и со нетпрение ги очекуваме.
Со новогодишната инклузивна работенка, воведуваме една новина во Македонија, во оваа работенка може да сретнеме и лица со попреченост, децата да се запознаат со различноста, учат дека сите се еднакви, без разлика на попреченоста. Со ваа работенка за прв пат ги вклучуваме и различностите и ја прнесуваме пораката дека сме сите исти, дека сите треба да разбереме, прифатиме и сакаме.
Преку сликите на која се прикажани деца во инвалидска количка и деца со различни видови попреченост, децата учат да не се дискриминираат, се учат на тоа дека различни деца со различни способности играат заедно, заедно се дружат, заедно учат и заедно ги слават новогодишните празници.
Да го вклучиме секое дете преку боење и разни активности да се стимулира и да ги прифати различните од себе. Секое дете да може да разбере дека сите сме еднакви, но едноставно имаме различни потреби и различни можности и дека секој од нас е уникатен.
Ви посакуваме среќни Новогодишни и Божиќни празници со нашето ново издание од онлајн „Инклузивна новогодишна работенка.“ Истата можете да ја испринтате бесплатно и уживате во активносите која ги нуди.