Започнуваме со отворена пријава за сите семејства кои имаат потреба од одмор или пак познавате такво семејство. Пополнете ја апликацијата за да може да ве имаме во предвид, а секако и нас да ни е полесно во организацијата. Иако од минатата година имаме семејства кои не успеавме да ги пратиме на одмор и ги мислиме цела година, сепак ќе ве замолиме повторно да ни ја пополните пријавата, без разлика на тоа што минатата година сте ја пополниле.
Пополнувањето на пријавата за одмор не значи дека ќе добиете одмор, или дека сте пополниле минатата година и сега годинава имате предност и приоритет. Предност имаат најзагорзените семејства, оние кои никогаш не биле на одмор, оние до кои е многу тешко да дојдеме, а ќе направиме се што можеме за да ги најдеме и пратиме на одмор.
Годинава решивме ќе ја зголемиме соработката и со хуманитарни здруженија кои во својата програма имаат семејства кои ги помагаат и со задоволство би ги пратиле на одмор, семејства кои тие многу добро ги познаваат и кои постојано во текот на годините се со нив со разни начини на помош и поддршка. Заедно здружени можеме да израдуваме многу семејства.
Вашите пријави се анонимни и во целост ќе биде заштитена вашата приватност. За тоа, не се срамете да се пријавите, единствено нешто што бараме е да бидете искрени во вашата пријава.