Денес едно четири члено семејство испративме на одмор во Ксамил – Албанија преку донација на превоз и сместување за семејството од Т.А Идеал Травел
Идеал Травел и минатите години се вклучи во акцијата за бесплатни одмори и оваа година исто покажаа дека се агенција со општествена одговорност и големо срце и ни ја потврди својата способност да препознае и одговори на потребите и желбите на заедницата. Нивната повторна поддршка и ангажираност покажуваат дека дури и во секторот на туризмот може да се примени хуманост и да се допринесе за радост во едно семејство, голема среќа за едни дечиња.
Децата со нетрпение го очекуваа денот кога ќе заминат на море и ќе може да уживаат на убавитите кои тоа ги дава. Родителите не можат да веруваат дека им е овозможен одмор, кој во вообичаените околности не би можеле да си го дозволат. „Децата се толку возбудени и радосни што сме тука и имаат можност да пливаат и да се забавуваат. Бескрајно ви благодариме на Идеал Травел што ни ја подарија оваа можност за незаборавен одмор”, ни потврдија среќните родители.
Оваа топла и искрена благодарност од семејството најдобро ја отсликува големата хуманост и грижа на Ideal Travel за луѓето на кои им е потребна помош. Тие препознаваат кога има семејства во потреба и секогаш ангажирано им излегуваат во пресрет. Ова докажува дека во секторот на туризам може да се применува принципот на социјална одговорност и хуманост и да се направи разлика во животите на оние на кои им е потребна помош и поддршка.