Среќни сме што успеавме да ја организираме првата инклзивна трка во Македонија и преку оваа трка да ја испратиме пораката дека сите сме исти и дека само ЗАЕДНО можеме да стигнеме до ЦЕЛТА.
За оваа трка немаме никаков буџет, но имавме желба и решителност дека можеме да ја организираме, знаевме дека не сме сами и дека ќе ја имаме вашата поддршка.
И така и беше. Благодарение на сите кои се вклучија во овој настан ние немавме само трка имавме и @MAMA’S BBQ забава и разни изненадувања. Имавме музички хепенинг, имавме трчање, инклузивен базар, играње, дружење …
Немавме пари ни за простор, ни за струја, а ја сакавме Школка како место полно со љубов, место пристапно и достапно за сите. Благодарение на Град Скопје и тоа го решивме, ни излегоа во пресрет на нашето барање и ни го отстапија во целост просторот за да може да ја одржиме трката.
Простор имавме, насоки имавме што ни треба си рековме ајде ќе продолжиме понатака.
Тони и smartrace.club ни ги посочија како страна преку која можат учесниците да се пријавуваат онлине, се слушнавме со Тони, му објаснивме што и како организираме и рече, оваа трка е хуманитарна, идејата ви е прекрасна, ќе ви помогнам се и не треба ништо од мене, се ви е бесплатно. И така бидна, организиравме пријавување, каде типичните лица ќе плаќаат надоместок за да може да собереме парични средства кои ќе бидат наменети за лицата со попреченост и подигнување на свесноста за прифаќање на различностите.
Ни требаа маици, ни требаа бројчиња, ни требаа волонтери, ни требаше порта, ни требаа медаљи… Немаше што не ни треба И портата за старт и цел Мето ни ја донираше и дојде да ја намести без никаков надомест.
И на радоста и немаше крај зошто сето тоа и го обезбедивме, благодарение на луѓето со хумани срца, благодарение на оние кои ни беа поддршка и ни помогнаа.
Благодарност до сите здруженија, до планинарите, до пливачите, до основните училишта со ресурсен центар, до учесниците, до поединци, до волонтерите… до сите кои бевте дел од овој настан и придонесите на било каков начин да стигнеме ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА.
Како за прва трка и како за прва организација од ваков тип ги утврдивме грешките, пропустите и тоа што треба и што не треба да биде и како треба да биде. Си ветивме дека оваа трка традиционално ќе ја одржуваме секоја година и дека веќе ги разгледуваме и опциите да ја истрчаме и низ многу други градови, зошто ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА сите треба да бидеме.
Трката беше од хуманитарен карактер и собраните парични средства ќе бидат наменети за лицата со попреченост и подигнување на свесноста за прифаќање на различностите. Од пријавувањето на учесниците преку @smartrace.club собравме 17.500 денари. Тие кои не успеаа да се пријават а сакаа да бидат дел од трката ни побараа жиро сметка и направија уплата. Тука на овој начин собравме 6000 денари. И на самиот настан имавме тегличка за донации каде се можеше да се донира и тука оние кои не успеале да платат а тоа беа два тима кои оставија пари самиот ден 4000 денари и дополнително собравме 2170 денари донации. Вкупно собран износ 29.170 денари.
MAMA’s – Macedonian Traditional Recipes
Procenki Vizija-t Antonio Georgiev
ДПС Лисец – Штип / DPS Lisec – Shtip
Хуманитарна организација “Свети Спас”
Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje
Медикал Караџи Турс Македонија