Ве повикуваме да се пријавите за учество на организираните работилници наменети за лицата со атипичен развој, нивните родители/старетели, роднини и сите кои имаат потреба да се информираат за правата на лицата со атипичен развој, нивната заштита, каде да ги добиете потребните информации, како и да споделите се што е значајно за Вас и бидете дел од првиот ИНКЛУЗИВЕН ХАБ во Македонија.
Работилниците ќе се одржат во месец септември и октомври и се организирани од страна на Здружението на граѓани Куќа на среќата со поддршка на Град Скопје и предвидени се три вида работилници:
1. Социјална заштита и ефективен пристап до социјалните услуги
2. Правна заштита – каде и како да ги остварите Вашите права
3. Моите права во реалноста – семејниот, културниот, образовниот, здравствениот живот на лицата со посебни потреби во реалноста
Цел на проектот:
– Обезбедување на пристап до информациите и комуникациите за сите лица со попреченост и нивните семејства,
– Развивање на механизми за достапност до информации и комуникации на овие лица
– Зајакнување на капацитетите на лицата со попреченост, со цел самите да бидат активни во општествениот живот, да бидат информирани и запознаени со нивните права, а со тоа да добијат посоодветни услуги за нивните потреби
Со пополнување на прашалникот за учество на работилниците изберете работилница на кои сакате да присуствувате. Можно е да се пријавите и за сите три работилници. Терминот и местот на одржување на работилниците ќе биде договорен дополнително со формираната група од пријавените лица.