Знаете за што се радуваме и пишуваме статуси по социјалните мрежи полни со
пофални зборови во 21ви век? За изненадниот покажан човечки однос од страна на
стручно лице-доктор спрема дете со посебни потреби! Е за тоа сме благодарни и ни иде да врескаме на цел глас, затоа што 1 од 10 доктори
покажал разбирање, љубезност и професионализам кон мајката и детето со попреченост.
Колку сме самo…
Не ме разбирајте погрешно, секоја чест за мајката што споделила убаво искуство и со тоа
фрли трошка надеж дека сеуште има шанса за поинаков пристап од тој низ кој сите ние
сме поминале. И секоја чест за докторката која сооглед на преоптовареноста и
исцрпеноста, нашла сили и се поставила со љубов и внимание кон детето со посебни
потреби.
Но до тоа ли дереџе дојдовме?
За човечност да молиме?
Ако ме прашувате мене, моето размислување е декa пред се, стручните лица треба да се
запознаени како нивниот пристап може да влијае врз целокупниот психички и физички
развој посебно на лицата со попречености. А запознаени се, преку долгите години учење
и огромниот број на семинари, знаат како треба. Но дали го имаат тоа во себе и го
практикуваат е друга тема… Знаете, тие деца и луѓе имаат толку многу време поминато
низ вашите ходници и имаат толку многу трауми а сите тие за жал се предизвикани од вас
– стручните лица. А не мора да биде така, има начини нели?
Не е тешко, навистина не е голема работа да им посветите малку повеќе внимание и да
бидете љубезни со тие лица. Верувајте ми, и децата ќе соработуваат со вас, и родителите
ќе тргнат од грб еден товар голем и на крај, и вие ако навистина си ја сакате работата, ќе
се почуствувате исполнето и задоволно бидејќи сте се поврзале онака како што треба и
доликува на вашата професија.
Знам, работите со луѓе, со секакви карактери и не ви е лесна работата, ни најмалку. Ама
тоа не треба да ви представува изговор за да постапите како кон било кој друг пациент (а
сите, сите заслужуваат пристоен и топол, човечки пристап) со пациентите со посебни
потреби. И тоа вие треба да го знаете, тоа треба вие да го предавате, да ги учите помладите колеги и колешки, да бидете пример.
Само така ќе успееме заедно да ги намалиме и ќе успееме да не бидеме причините за
нечија душевна болка и траума.
Секоја чест на исклучоците! Но малку сте… Се надевам на многу повеќе вакви убави
примери направени од ваша страна доктори. Големо браво за вас, ни ја враќате вербата.
А ние ќе бидеме тука за да и понатаму ги споделиме искуствата и со тоа можеби, само
можеби подигнеме свесност за човечноста и каков треба да биде одност кон лицата со
видлива и невидлива попреченост.