Ги повикуваме сите институции, општини, општествено одговорните компании, маркети, банки и сите услужни компании за вклучување во иницијативата „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ со што ќе ја препознаат инклузивната лента, да ја разберат, прифатат и сакат и да ќе внесат посебна каса/ шалтер за посебните.
Почитувани, Здружението на граѓани за граѓански активизам, хуманизам и социјална инклузија Куќа на Среќата, Хуманитарната организација СВЕТИ СПАС и Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА ги повикува сите институции, општини, општествено одговорни фирми, компании, музеи, ресторани, кино сали, маркети, болници, здруѓенија, граѓани… да ни се придружат во кампањата „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“, да станат пријателски прилагодени кон лицата кои носат инклузивна лента, да ги разберат, прифатат и сакаат и да им дадат предност.
Вклучувањето во овој проект не подразбира никакви посебни финансиски импликации, потребно е само:
Сите заинтересирани кои сакаат да бидат инклузивни и дел од оваа иницијатива, да им дадат предност на лицата со видлива и невидлива попреченост ќе ги замолиме да не контактираат на следната е-пошта: kukja.na.srekjata@gmail.com или