Во времиња кога светот се соочува со предизвици, постојат луѓе кои со своите дела докажуваат дека хуманоста и добротворството немаат граници. Оваа година одлучивме повторно да се активираме и да организираме бесплатни одмор за семејства од Македонија и истите да бидат пратени на одмор преку facebook групата @Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце https://www.facebook.com/groups/1347868648624050. Благодарение на активното вклучување на Sneze Snezana (Снежана Христова) во оваа акција која сите ние што ја познаваме Снеже знаеме дека секогаш е тука за да помогне на било кој начин, колку што може, онаму каде е потребна било каква помош ние добивме нови донатори, но овој пат не од Македонија туку од Србија.
Со започнувањето на оваа акција и барањето на бесплатни одмори Снеже се пушти во потрега по сместувања. И така започна се. Ја тагна Milena Jakovljević жена со големо срце каде минатата година Снеже била на одмор кај нив. И замислете кој беше резултатот – Милена и нејзинот Владо Џорич кои издаваат сместување во Неа Пори во Грција го прифатија тагнувањето и се приклучија во оваа акција и се понудија да дадат бесплатни одмори во Грција за семејства од Македонија.
Младиот брачен пар Џорич по тагнувањето веднаш се пријави и не извести дека одлучиле да ги донираат сите слободни соби кои ќе ги имаат на крајот на месец мај и во месец јуни, а исто така и ни го најавија и септември за период кога може да планираме семејства кои ќе може да ги пратиме на одмор. Она што особено радува е тоа што овој брачен пар не е од Макеоднија, туку од Србија и ни покажаа дека хуманоста воопшто нема граници, дека ова е таа ни понуди бесплатен одмор од 10 дена за семејството од Македонија во нејзините апартмани.
Ова е таа хуманост и ова е таа човечност кога најмалку Ви е важно кој од каде е, кога дарувате со срце и кога сакате да сте радост за едно семејство.
Нека овој брачен пар ви биде предизвик и на сите вас што издавате сместувања, а од денес на нас ни се и место за одмор кое секогаш ќе го посетуваме, место и луѓе кои Ви ги препорачуваме доколку се одлучите да летувате во Грција – Неа Пори. Не се двоумите да ги корисите нивните апартмани, зошто тие ни покажаа што значи да се има големо срце, што значи да се биде човек со срце планина. Ќе споделиме и линк од нивната група на facebook GRCKA – PRIVATNI SMESTAJ каде можете да им пишете и да побарате сместување доколку се одлучите да летувате во Грција.
Овој великодушен гест на Милена и Владо Џорич од Србија го возвишува човекољубието и ни покажува дека, дури и во најтешките времиња, постојат луѓе подготвени да го стават доброто на другите пред своето. Со нивната донација, тие овозможија семејства од Македонија кои не се во финансиска можност да дозволат одмор да го добијат кога најалку тоа го очекувале.
Овој пример треба да биде инспирација за сите нас да ја прошириме нашата хуманост и да бидеме подготвени да помогнеме каде што можеме. Секој од нас може да придонесе, без разлика на тоа колку малку или големо е делото. Затоа, ве повикуваме да го следите примерот на овата благородна фамилија и да донирате што можете за да им овозможите заслужен одмор на оние на кои им е потребен.
Заедно, можеме да покажеме дека добротворството и хуманоста немаат граници.