Здружение на граѓани за граѓански активизам, хуманизам, правна заштита, економија, култура, едукација, информатичка технологија, социјална заштита, родова еднаквост и инклузија
„КУЌА НА СРЕЌАТА“ - СКОПЈЕ
Здружението е основано во месец јануари 2021 година како резултат на многубројни граѓански иницијативи и рализирани акции како група на граѓани кое ја искористи моќта на социјалните мрежи за позитивни промени во општеството.
Освен локалните активности, искуствата и знаења ги реплицира и во општините во внатрешноста, вклучувајќи ги локалните граѓански организации и представници на локалните власти.
Организацијата е редовен учесник и поддржувач на активности со кои се заштитуваат и промовираат човековите права, хуманизмот и социјалната заштита.
Здружението е иницијатор и креатор на иницијативата Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост и иницијативата за прифаќање на различностите „Разбери, прифати, сакај“и страната „Информативен центар на лица со посебни потреби - “Посебен Хаб“, спроведувач на бројни хуманитарни акции преку facebook страната „Хумана страна“ и групата „Хуманитарна помош граѓанска иницијатива“
Нашите искуствата, желбата за промени и подобро општество се доволна гаранција за квалитетен избор на мултидисциплинарниот тим и квалитетното спроведување на активностите и проектите сами и во соработка со други здруженија.