КУПИ И ДОНИРАЈ

Купи и донирај претставува онлине платформа каде преку онлине купување на определени производи или пакети донирате за определени категории на граѓани, со што дирекно давате поддршка за подобро инклузивно општество, помагате семејства во ризик и семејства кои имаат потреба од Вашата помош и создавате поубава иднина за сите луѓе.

Често пати сте сакале да се вклучите во разни хуманитрани кампањи или настани, но времето не ви дозволувало да го направите тоа или не сте знаеле што точно е потребно и како да помогнете. Поради таа причина го креиравме и онлине купувањето на производи, каде со купување на било кој производ или пакет Вие се вклучувате во хуманитарните акции и сте помош и поддршка за многу семејства со различен социјален статус.

За секој купен производ пред купувањето добивате информација за тоа за каде го купувате и каде истиот производ ќе биде дониран. Купените производи на неделно/месечно ниво, ќе бидат објавувани и споделувани, како и посебно објавување на листата на купувачи и донатори.