Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост која како иницијатива започна во 2020 година преку воведување на инклузивна лента и сончогледот како симбол, иницијатива започната и предводена од Здржението за граѓански активизам, хуманизам и социјална инклузија КУЌА НА СРЕЌАТА и Хуманитарната организација СВЕТИ СПАС, оваа година се шири и се активира уште повеќе и порешително заедно со Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА-СКОПЈЕ. Заедно, ќе работиме во целосна синхронизација, обезбедувајќи еднакви можност за секое лице и дете да расте и се образува во средина без дискриминација. Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА-СКОПЈЕ има склучено меморандум за соработка со ЗЕЛС за инклузивно образование.
Секое лице/дете има право да расте и да се образува во средина во која владее рамноправност, која е ослободена од каква било форма на дискриминација во поглед на раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално, етничко или социјално потекло, имотен статус, статус на онеспособено лице, статус според раѓање или друг статус. Важно е да се разбере дека носењето на симболот СОНЧОГЛЕД кој е заштитен знак за лицата со потешкотии во развојот видливи и невидливи со еднакви стартни позиции ќе значи секогаш социјално прифаќање и еднакви можности. За жал некои деца и семејства можат да бидат поинаку третирани и/или да бидат дискриминирани, бидејќи некои практики се толку вкоренети во политичкиот систем и културата на една нација што повеќето луѓе не се ни свесни за нив, особено ако тие самите й припаѓаат на доминантната култура, но затоа со оваа иницијативата ќр бидеме уште поактиви, уште по видливи и ќе бидат вклучени едукации , работилници и обуки на секој жител во нашата држава.
Амела Мемиш Апостоловска која е претседател на Здружението ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА е мајка на две деца со посебна попреченост во развојот – Андреа и Леон. Таа е дипломиран педагошки едукатор, на насока психологија. Во фокусот на нејзините истражувања и специјализации е и аутизмот како невидлива попреченост. Амела е педагошки едукатор и сертифициран Клинички психолог од Кардиф Универзитетот во Фебруари 2024та , во моментов се доедуцира за ЕМДР (EMDR) е кратенка од Eye Movement Desensitization and Reprocessing (во превод-преку Движење на Очите до Десензитизација и Репрограмирање). Овој комплексен и моќен метод на психотерапија ги вклучува најуспешните елементи од широкиот спектар на пристапи во психотерапија, а како специфичен додаток користи движења на очите или други форми на билатерална ритмичка стимулација како што е тапкање или наизменично слушање звуци на начин што му помага на нервниот системот да ги обработи трауматските информациие психотерапевтски третман кој првично бил дизајниран да ја ублажи вознемиреноста поврзана со трауматските спомени , воедно е и автор на книгата “Гласот од Тишината.
Амела Мемиш Апостоловска е истотака сертифицирана и во следниве стручни области признаени од МОН :
Воедно и член во :
Со вклучувањето на Здружението ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА во оваа иницијатива, повторниот повик за поделба на инклузивните ленти, спроведување на активности за запознавањето на граѓаните со значењето на лентите, преку лепење на плакати на видливи места се направи првиот чекот кој води кон уште поголеми и секојдневни чекори за целосна реализација на оваа иницијатива.
Со вклучувањето на сите граѓани, институции, образовни установи и медиуми, ние ќе го прошириме светот на можностите и ќе го изградиме социјално праведно општество. Ве покануваме да се придружите на нашата мисија и да го носите сончогледот како знак на вашата поддршка и посветеност кон инклузивност и рамноправност.
Заедно, можеме да ги промениме стереотипите, да ги сведеме неравностите и да изградиме подобра и посветена заедница за сите. Нека нашиот сончоглед стане симбол на светлина и еднакви можности за сите, без разлика на попреченоста.
Да го промениме светот заедно! 🌻💛
Разбери 🌻
Прифати
Сакај <3